MKinformer

your daily dose of news

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо, со дожд, снег и северен ветер

17/02/2025 9:27

Денешното време ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, кои на планините и повисоките места ќе бидат од снег. Во пониските делови, дождот понекогаш ќе преминува во снег. На планините и во високите региони врнежите ќе бидат поизразени, а снегот ќе продолжи и во текот на ноќта.

Во текот на денот, ќе дува слаб до умерен ветер, особено вдолж Повардарието, кој повремено ќе засилува. Температурата во утринските часови ќе се движи од минус 1 до 5 Целзиусови степени, додека дневните температури ќе бидат од 1 до 9 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, со услови за слаб повремен дожд, а на повисоките делови ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб северен ветер, а температурата ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Утре, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и умерен северен ветер. Температурите ќе бидат од минус 3 до 5 степени наутро, а дневната температура ќе се движи од 1 до 7 степени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!