MKinformer

your daily dose of news

Променливо облачно со дожд и снег: Нови снежни врнежи најавени од вторник

18/01/2026 13:32

Времето денеска ќе биде променливо облачно со појава на слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините се очекува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до 1 степен, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 2 до 7 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб ветер од североисток. Утринската температура ќе се спушти до -3 степени, а максималната дневна ќе достигне до 5 степени.

Во наредните денови ќе продолжи променливо облачно време. Утре и задутре, преку денот, времето ќе биде претежно стабилно и суво, со ниски утрински температури.

Според најавите на Управа за хидрометеоролошки работи, во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи, претежно од снег, што ќе донесе ново заладување и можни снежни покривки, особено на повисоките места.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни при движење, особено во утринските и вечерните часови поради можност од појава на голомразица.

error: Содржината е заштитена од копирање !!