Променливо време со густа магла во котлините и потопло на повисоките места
24/01/2025 10:04
Денеска ќе имаме променливо облачно и тивко време, а во многу котлини ќе се појави густа магла и ниска облачност, особено во Пелагониската, Полошката и Повардарието, вклучувајќи ја и Скопската котлина. Оваа густа магла и ниска облачност се очекува да останат присутни цел ден, што ќе доведе до значително пониски температури и ладно време во овие региони. Во исто време, на повисоките места, планините и скијачките центри ќе биде потопло и без магла.
На картата се прикажани денешните најниски минимални температури измерени до 7 часот утринава во различни градови и места во Македонија





