Попоски предупредува: Од понеделник прогноза за обилни снегови и ладно време во Македонија
01/02/2025 10:49
Денес ќе имаме краткотрајно подобрување на времето со утрински температури кои ќе бидат под нулата во повеќето делови. Во текот на денот ќе биде студено, но со повеќе сонце, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Од понеделник, 23 декември 2024, и во наредните денови, под влијание на длабок циклон над Средоземното Море, кој ќе биде поврзан со ладен воздух од север, се очекува нови обилни врнежи, најмногу од снег. Во Повардарието и во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд, понекогаш со дожд и снег.
На планините и во скијачките центри се очекува значително зголемување на снежната покривка, која може да достигне и до 1 метар. Снежна покривка ќе се формира и во повеќето градови, со висина од 5 до 10 сантиметри, а на некои места, особено во западните и источните предели, може да се соберат и до 30 сантиметри. Ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до Скопје и околината, со овој нов ладен и влажен бран ќе има врнежи од дожд и снег, а снежна покривка ќе се формира особено на околните планини и во повисоките делови на котлината. Во некои делови од Скопската котлина се очекува формирање на помала снежна покривка. Во Скопскиот регион, повремено ќе дува засилен северен ветер.
Температурите во текот на наредната седмица ќе бидат под нулата во утринските часови на многу места, додека дневните максимуми ќе бидат само неколку степени над нулата, или ќе останат под нулата, особено на повисоките места и во скијачките центри.
Во овие услови, особено од понеделник 23 декември 2024, при очекуваните обилни снегови, препорачуваме да бидете внимателни, особено возачите кои патуваат кон планинските превои, бидејќи се очекуваат големи снежни наноси и можност за голомразица. Исто така, скијачите се советуваат да не се оддалечуваат од скијачките центри и да избегнуваат да патуваат на повисоки надморски височини поради намалената видливост“, вели Попоски.






