Времето денес: Променливо облачно и тивко, во котлините магла предпладне
21/12/2025 9:22
Денешната временска прогноза најавува променливо облачно и мирно време со сончеви периоди. Во претпладневните часови, по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Утринските температури ќе се движат од -5 до 1 степен, додека дневните ќе се искачат меѓу 7 и 12 степени.
Во Скопје се очекува слична состојба, со магла претпладне, променлива облачност и тивко време. Минималната температура ќе се спушти до -3 степени, а максималната ќе достигне околу 7 степени.
Во понеделник времето ќе остане стабилно, тивко и делумно облачно, со можна магла во одделни котлини. Од вторник кон крајот на денот, а и во следните денови, се најавуваат локални врнежи од дожд. Со навлегување на посвеж воздух од север, на планините и повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.





