MKinformer

your daily dose of news

Тим на стручни лекари успешно изведе прва сложена ортопедска операција во Македонија

04/02/2025 9:46

Министерството за здравство денеска информираше дека во Македонија беше извршена првата интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус, при што беше постигната стабилизација на зглобот и враќање на целосните движења. Операцијата беше реализирана на Клиниката за трауматологија при ТОАРИЛУЦ и вклучуваше употреба на напредна радиолуцентна технологија која овозможува прецизно мерење на висината на местото и визуелизација на проксималната улна и зглобот. Применет беше првиот систем за радијална замена на главата.

Тимот на лекари, составен од д-р Игор Мерџаноски, д-р Александра Танеска, д-р Александра Горѓоска, анестезиолог д-р Александар Димитровски, медицинска сестра-инструментарка Елизабета Јовановска и рендген техничар Тони Цветковски, успешно го завршија ова значајно медицинско зафатување.

error: Содржината е заштитена од копирање !!