MKinformer

your daily dose of news

На Клиниката за ортопедија изведена најсложената трансплантација на коска во Македонија

22/08/2025 15:48

На Универзитетската клиника за ортопедија беше изведена најсложената трансплантација на коска во историјата на македонското здравство – интервенција што претставува голем исчекор во современата ортопедска хирургија.

Пациент на возраст од 64 години, со повторен миксоиден липосарком на левата натколеница, бил подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин.

Операцијата се одвиваше во два акта:

  • Првиот дел го предводеше проф. д-р Милан Самарџиски со тимот на др. Бојан Будиќ, др. Теодора Тодорова и др. Гоце Гулески.

  • Пластичната реконструкција ја изведе тимот на др. Томислав Јовановски.

  • За анестезија беше задолжена проф. д-р Јасминка Нанчева со анестетичар с. Јована Илиева.

Во интервенцијата активно учествуваа инструментарки, болничари и рендген техничари.

Според Министерството за здравство, овој зафат поставува нова референтна точка во македонската ортопедија и ја потврдува стручноста и подготвеноста на домашните хируршки тимови за интервенции од највисоко ниво на сложеност.

error: Содржината е заштитена од копирање !!