СТУДЕНО, НО ВЕДРО УТРО, СОНЧЕВО ПРЕКУ ДЕН
05/02/2025 9:02
Времето во Македонија наутро ќче биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
И утре наутро времето ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 3 до 13 Целзиусови степени.





