MKinformer

your daily dose of news

Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб

12/02/2025 23:33

Постои политичка волја кај владините коалиционери за промена на државниот грб. Премиерот Мицкоски потврди дека владејачките партии ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Вреди го отвориле ова прашање но повеќе детали не открива. Премиерот потсетува дека ова не е нова тема, иницијативата потекнува уште од владата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во 2014г.

И од коалицијата Вреди сметаат дека државниот грб но и химната се од поранешниот систем и не ја отсликуваат реалната слика во државата. Од Вреди за Сител велат дека се подготвени, ова но и други прашања кои ги засегаат Албанците да се решат со измени во највисокиот државен акт.

„Неспорно е дека актуелниот државен грб сеуште се базира на елементи од  поранешниот социјалистички систем, исто како што и актуелната државна химна не ја одразува реалноста. Коалицијата ВЛЕН е подготвена за разговори за евентуален поширок пакет на уставни измени кои ќе вклучуваат и прашањата за бришење на недостоинствената уставна формулација за употребата на Албанскиот јазик и амандман за спречување застареност на кривични дела сторени со политичка корупција.“

Засега власта не открива на кое ниво се отпочнати разговори и во која фаза е прашањето за промена на државниот грб.

За промена на државниот грб потребно е двотретинско мнозинство во Собранието. Последен пат овој симбол беше изменет во 2010та кога од актуелниот грб беше отстранета само црвената петокрака.

error: Содржината е заштитена од копирање !!