Вчера казнети 809 возачи во државата, 232 за брзо возење, 46 за неносење појас
14/02/2025 13:28
Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ државава, издадени беа 809 платни налози, додека пак наплатени беа 486 прекршочни платни налози, соопшти МВР.
Притоа, забележлив бил континуитетот на актуелниот статистички тренд во поглед на сторените прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
И натаму најбројни се случаите на непрописно паркирање (264), и прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената (232). Во шест случаи откриени се алкохолизирани возачи, 11 возачи минале на црвено светло, а прекршочни пријави заработиле 18 пешаци.
Исто така по основ на неносење сигурносен појас изречени се 46 казни, по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење – 23 прекршоци, а во 56 случаи откриени се возачи што управувале возила без возачки дозволи.




