Зимски услови на патиштата: од АМСМ препораки за безбедно управување со возила
14/02/2025 9:30
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Во Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Плетвар се забележуваат врнежи од снег со слаб интензитет, додека на Попова Шапка и во Крушево врнежите се со среден интензитет. Сепак, овие услови не претставуваат пречка за нормално одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема значителни задржувања за влез или излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, внимателно почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што може да се појават одрони. Ова важи посебно за делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.





