Забрана за камиони на патот Маврово – Дебар
01/02/2026 12:12
Од Авто-мото сојуз на Македонија информираат дека утрово од 05:45 часот, поради врнежи од снег, е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по претежно влажни коловози. На некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата се забележуваат мали остатоци од кашест снег на коловозите.
Врнежи од снег со променлив интензитет се евидентирани во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово, како и на планинските премини Стража, Ѓавато и Пресека. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси при влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на условите на патот и да бидат особено внимателни при движење низ планинските предели.






One thought on “Забрана за камиони на патот Маврово – Дебар”
Comments are closed.