MKinformer

your daily dose of news

АМСМ со нови ограничувања, забрана за движење на автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

08/01/2026 11:48

Од 05:15 часот, поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан, информира Авто-мото сојуз на Македонија (АМСМ).

Дополнително, поради обилни снежни врнежи, од 09:25 часот е воведена забрана за сообраќај на автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка. За патничките возила дозволено е движење исклучиво со задолжителна зимска опрема, односно со синџири.

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Засега, овие врнежи не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Поради обилни врнежи од дожд и честа појава на одрони, на патните правци Делчево – Македонска Каменица – Истибања и Делчево – Пехчево, од АМСМ апелираат на крајна внимателност, прилагодување на брзината и внимателно управување со возилата.

Воедно, АМСМ потсетува дека на патниот правец Македонска Каменица – рудник Саса, поради одрон, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, во должина од околу 200 метри.

Од АМСМ апелираат учесниците во сообраќајот редовно да ја следат состојбата на патиштата и да ги почитуваат воведените ограничувања.

error: Содржината е заштитена од копирање !!