ЕВРОПА СТРАВУВА ЗА ГАС, ЦЕНАТА РУШИ РЕКОРДИ, НА ПОВИДОК НОВА ГАСНА КРИЗА
18/02/2025 8:32
Официјални лица од Брисел размислуваат за можноста за воведување ограничувања на цените на природниот гас бидејќи Европа губи конкурентност бидејќи цените се и до четири пати поголеми од оние во САД, пишува „Фајненшл тајмс“, како и порталот „Оилпрајс“.
Цените на гасот во Европската унија во последните десет дена го достигнаа највисокото ниво од октомври 2023 година, поради прекините во снабдувањето поради одбивањето на Украина да го продолжи договорот за транзит со Русија, студеното време, намалените резерви и загриженоста за можните царини за увоз на САД. Така, за прв пат од 8 февруари 2023 година, берзанските цени на синиот извор на енергија во Европа надминаа 620 долари за илјада кубни метри, што е за речиси четири отсто повеќе од 7 февруари годинава.
Чисто за споредба, минатогодишната просечна вредност на фјучерси на гас на европската берза беше 386,5 долари.
Колку е ова голем проблем, како што наведува Financial Times, покажува и тоа што Европската комисија сериозно расправа за ограничување на цените пред објавувањето на таканаречениот Чист индустриски договор следниот месец.
Тешка е ситуацијата и поради новата американска администрација на чело со Доналд Трамп, која неодамна му “препорача” на Брисел да го зголеми увозот на американски LNG, бидејќи во спротивно им се заканува со воведување царини.





![ТРАМП СО ЗАКАНА ДО ЕВРОПА: Или царини на храна од 17% или царини до 50% tramp1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/tramp11.jpg)