КИНА ЌЕ И ПРКОСИ НА ТРГОВСКАТА ВОЈНА НА ТРАМП СО РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА ОД 5%
06/03/2025 11:02
Кинескиот државен врв вчера го претсави стратешкиот план за работа за 2025 година во Националниот народен конгрес (НПЦ) поставувајќи амбициозна цел за раст од „околу 5%“ за 2025 година. Оваа проекција доаѓа како одговор на на американските царини врз нејзината економија предводена од извозот. Со предвиденоит раст од „околу 5%“ Кина покажува дека е самуверена, верува во својата стабилна економија и е подготвена за последиците од ескалацијата на американските царини.
Целта „ја нагласува нашата решеност да се соочиме со тешкотиите и напорно да се стремиме да ги исполниме нашите цели“, рече во средата премиерот Ли Кианг, вториот човек на Народна Република Кина, додека го презентираше извештајот за работата на владата на отворањето на сесијата на Националниот народен конгрес (НПЦ), законодавниот дом на земјата.
Премиерот на Кина, Ли го одржа својот говор непосредно пред американскиот претседател Доналд Трамп да го започне своето прво обраќање во Конгресот во неговиот втор мандат. Речиси во идентичен момент лидерите на САД и Кина, го изложија она што секој од нив го гледа како најдобар начин за зацврстување на позицијата на нивните земји на врвот на глобалната економија.
Она што може да се констатира е дека во кинескиот законодавен дом, презентираниот план беше акламативно прифатен, а говорот на кинескиот премиер Ли Кианг беше поздравен со громогласен аплауз од сите присутни. За разлика од единството кое владее во Кина, обраќањето на Трамп во американскиот главен град, беше проследно со низа скандали и поделеност, каде неколку демократски пратеници излегоа во знак на протест, а долгогодишен член на Конгресот беше отстранет поради протестирање на обраќањето на Трамп.
Под водство на Кси Џинпинг и „со посветените напори на нашиот народ низ целата земја, можеме да надвладееме над секоја тешкотија во продолжувањето на развојот“, рече Ли во својот говор. „Џиновскиот брод на кинеската економија ќе продолжи да ги раздвојува брановите и стабилно да плови кон иднината“.
Ли не се осврна директно на САД, бидејќи во извештаите за работата на кинеската влада вообичаено се избегнува именување на други земји, но тој се осврна на зголемувањето на царините кои влијаат на глобалната економија, како и на променливото глобално опкружување.






