MKinformer

your daily dose of news

Гранд Ауто и ФФМ започнуваат партнерство за поддршка на македонскиот фудбал

07/03/2025 12:50

Гранд Ауто, официјалниот застапник на брендови како Ford, Hyundai, MG Motor и Chery за Македонија, потпиша договор со Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) за поддршка на репрезентациите и развојот на фудбалот во земјата.

Ford и Hyundai се долгогодишни пријатели на спортот и важни партнери на светските фудбалски настани како Европските и Светските првенства. Со почетокот на новиот квалификациски циклус за Мундијалот 2026, Гранд Ауто и ФФМ започнуваат со подготовките за создавање на вистинска навивачка атмосфера и за поддршка на македонските фудбалери на нивниот пат кон нови историски успеси.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, изрази задоволство од новата соработка: „Ни претставува огромно задоволство што нашата репрезентација и Фудбалската федерација добиваат нов партнер во името на Гранд Ауто. Во моменти кога просечната старост на возилата во ФФМ беше речиси 18 години и повеќе од двесте илјади минати километри, оваа соработка значи голема промена. Никогаш досега ФФМ немала партнер во овој обем, но сега работите се менуваат. Заедно со Гранд Ауто, се стремиме да им овозможиме најдобри услови на репрезентациите и да се радуваме на нови победи.“

Гранд Ауто, како официјален увозник на Ford, Hyundai, MG Motor и Chery, исто така изрази своја гордост од соработката. Генералниот директор на Гранд Ауто, Дритон Заири, изјави: „Ги поддржуваме сите иницијативи кои водат кон напредок во заедницата, а оваа соработка со ФФМ е потврда на нашата посветеност. Преку ова партнерство, обезбедуваме возила за потребите на ФФМ, овозможувајќи им целосно да се посветат на развојот на фудбалот во земјата.“

Во знак на благодарност, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, му подари специјален репрезентативен дрес на генералниот директор на Гранд Ауто, Дритон Заири. Од друга страна, Заири му предаде симболичен подарок на Омерагиќ – клучеви од возилата, како потврда на важноста на оваа соработка.

Фудбалот обединува, ја буди страстта и ги символизира вредностите на тимската работа – нешта кои се совршено усогласени со визијата на Гранд Ауто.

error: Содржината е заштитена од копирање !!