
Променливо облачно и нестабилно време, со локален пороен дожд и грмежи. На некои места, процесите ќе бидат поинтензивни, формирајќи краткотрајни невремиња. Ќе дува умерен ветер, а во западните делови ќе има повремено засилување на ветерот од западен правец.
Во Скопје, променливо облачно, а попладне во делови од котлината ќе се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.