MKinformer

your daily dose of news

Мицкоски: Владата ќе го стави економскиот и социјалниот препород на Кочани во врвни приоритети

27/03/2025 21:59

Се што е потребно за економски и социјален препород на Кочани ќе биде ставено во нашиот фокус и тоа ќе го реализираме како Влада. Посакувам да се обединуваме за позитивни промени, а оваа трагедија да ни биде поука дека нашите денешни дејства ќе имаат значење за иднината. Верувам дека она што го правиме денеска ќе има позитивен ефект за нашите граѓани и за Македонија,” порача премиерот Христијан Мицкоски во учество на хуманитарното студио на телевизијата Канал 5, кое беше организирано за донирање на помош за настраданите во Кочани.

Мицкоски истакна дека Владата вложува огромни напори во спасувањето на повредените во трагедијата.

“Немам што повеќе да додадам од она што веќе го кажав. Но, уште еднаш сакам да изразам длабоко сочувство за семејствата кои ги загубија своите најблиски во оваа трагична несреќа во Кочани. Како Влада, правиме сѐ што е во наша моќ и вложуваме огромни напори за спасување на што повеќе животи. Се радувам што некои од повредените полека се враќаат дома, а некои се испишуваат и од болниците во Скопје,” додаде Мицкоски.

error: Содржината е заштитена од копирање !!