MKinformer

your daily dose of news

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја зема 60-тата жртва, почина управителот на дискотеката

04/04/2025 11:02

Александар Карадаковски, кој формално бил управител на МММ Кафе дооел, но во реалноста работел како келнер во дискотеката „Пулс“ во Кочани, почина во болницата во Литванија, каде што беше пренесен за лекување по трагичниот пожар што ја зафати дискотеката.

Карадаковски е 60-та жртва на трагедијата која го погоди Кочани и Македонија. Во моментот кога избувна пожарот, во дискотеката настапуваше популарната група ДНК, а во трагедијата загинаа и неколку членови на бендот, вклучувајќи го и пејачот Андреј Ѓоргиески.

Пожарот, кој ја потресе целата земја, однесе 59 животи, а речиси 200 лица беа повредени, од кои некои се во критична состојба. Трагедијата остави длабоки рани во срцата на многумина, а Кочани и Македонија сè уште жалат за загинатите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!