MKinformer

your daily dose of news

Славчо Попоски со сериозно предупредување: Во следните 24 часа внимавајте на силниот ветер!

11/04/2025 10:02

Познатиот метео-аналитичар Славчо Попоски испрати предупредување за претстојните временски услови во земјава. Според неговата анализа, територијата на Македонија во наредните 24 часа ќе биде под периферно влијание на ладен бран кој доаѓа од север и североисток.

Овој бран ќе предизвика значително зголемување на ветерот, особено во Повардарието и источните делови на земјата. Се очекува засилен, повремено и силен северен и северозападен ветер со удари што локално ќе надминуваат 70 км/час.

Слични услови ќе има и во Скопскиот регион, каде се прогнозира ветер со брзина од околу, а на моменти и над 60 км/час.

Попоски апелира до граѓаните да бидат особено внимателни:

  • Да избегнуваат паркирање на возила под дрвја
  • Да внимаваат при движење на отворено
  • Да обезбедат предмети кои може да ги однесе ветерот

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!