MKinformer

your daily dose of news

Финансиската полиција врши претреси во прилепската болница – сомнежи за злоупотреба на службена положба

15/04/2025 15:43

Финансиската полиција спроведува активности во прилепската општа болница поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, потврди Јавното обвинителство на Северна Македонија.

Според информациите од Обвинителството, по наредба на надлежниот јавен обвинител, извршени се претреси на вкупно осум локации, во рамки на предистражна постапка која се однесува на можни финансиски малверзации.

Се испитуваат наводи за неправилности во работењето на раководни лица од болницата, а истрагата е во тек. Надлежните институции најавуваат дека ќе се преземат сите потребни мерки за утврдување на фактите и евентуална кривична одговорност.

error: Содржината е заштитена од копирање !!