MKinformer

your daily dose of news

МАКЕДОНИЈА ЗА ПРВ ПАТ ДОБИВА МЛАД ЛИДЕР ЗА ДИЈАБЕТЕС НА ГЛОБАЛНО НИВО

17/04/2025 9:31

На почетокот на месец април(07-11 април) се одржа светскиот конгрес на Интернационалната Федерација на Дијабетичари (IDF) во Банкок. Над 6.300 учесници од повеќе од 160 земји и области се собраа на овој четридневнен конгрес за да помогнат во обликувањето на иднината на дијабетесот.

Младите лидери со дијабетес од Здружението ИД не се само иднината – тие се силата на сегашноста, храбро обликувајќи ги промените што сакаме да ги видиме во светот. Нивната посветеност и емпатија ги инспирираат сите да веруваат во себе и во своите соништа. Преку секој предизвик што го надминуваат, тие докажуваат дека вистинското лидерство започнува со срцето.

Настанот беше отворен со воведни зборови за добредојде и безбедносни упатства, по што следеше динамична активност за запознавање, која овозможи создавање на првични врски меѓу младите лидери.

Следеше официјална добредојде од тимот на IDF и YLD, а потоа и инспиративна презентација за суштината на YLD, прикажана преку искуствата на менторите. Учесниците работеа на унапредување на своите вештини за раскажување – клучна алатка за ефективно застапување. Темата потоа се прошири кон иновации и истражувања во областа на дијабетесот.

на конгресот се дискутираше и за пазарниот пристап до инсулин и терапија, потоа за емоционалното влијание од дијабетесот и механизмите за справување, а потоа беше претставена програмата KiDS (Деца и дијабетес во училиштата).

Македонија и Сојуз на здруженија на лица со Дијабетес на Македонија за прв пат имаа свој претставник и член на овој Конгрес и не информираа дека ова е историски успех за граѓаните кои ги засега дијабетесот.

Мартин Николов од Сојузот на здруженија на лицата со Дијабетес на Македонија ја претставуваше нашата земја и стана млад лидер и член на светската федерација. Тој ќе ја има приликата да ја застапува Македонија во следните четири години.

 

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!