MKinformer

your daily dose of news

Трагедијата во Кочани ја однесе 62. жртва – почина Стојанче Стефанов

17/04/2025 14:39

Министерството за здравство денеска информираше дека на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, починал Стојанче Стефанов од Кочани, роден во 2001 година, кој беше тешко повреден во трагичниот настан во Кочани.

Стефанов беше хоспитализиран од првиот ден на несреќата, откако медицинските тимови направија тријажа и веднаш го упатија на лекување во Белград. Беше во критична состојба, интубиран и со сериозни изгореници кои зафаќаа 27% од телото, како и со тешки повреди предизвикани од вдишување чад.

На 4 април бил подложен на оперативен зафат и поставен на ЕКМО апарат – систем што ја оксигенира крвта надвор од телото, поради неможноста за самостојно дишење. И покрај напорите на лекарските тимови, неговата состојба останала нестабилна во текот на целата хоспитализација, а денеска, за жал, им подлегна на повредите.

Со неговата смрт, бројот на жртви од трагедијата во Кочани се искачи на 62.

Министерството за здравство изрази најдлабоко сочувство до семејството на Стефанов и до сите засегнати од несреќата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!