MKinformer

your daily dose of news

Ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Обршани – објавена снимка од безбедносните камери

24/04/2025 15:15

Ноќта помеѓу 22 и 23 април беше ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Обршани, општина Кривогаштани. Информацијата за грабежот беше споделена на официјалната фејсбук-страница на манастирот.

„Во текот на ноќта манастирот ‘Успение на Пресвета Богородица’ е ограбен. Секој кој ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор“, стои во објавата од 23 април.

Заедно со објавата е објавена и видеоснимка од безбедносните камери на која се гледа како маскирано лице со фантомка влегува во манастирот околу 3 часот по полноќ, се упатува до масата каде се продаваат свеќи и ја зема фиоката со пари.

Покрај снимката, објавена е и фотографија од лицето за кое постои сомнеж дека го извршило грабежот, со апел до граѓаните доколку имаат каква било информација да го известат манастирскиот одбор.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјални информации за случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!