Граѓаните ќе можат да го прослават Први мај – Денот на трудот – под сончево и топло време, со услови идеални за дружење на отворено и традиционална скара во природа.
Според најавите на метеоролозите, за 1 мај се очекува стабилна и значително потопла атмосфера. Времето ќе биде претежно сончево со умерена локална облачност. Иако ќе биде топло, ќе дува умерен до повремено засилен северен и североисточен ветер.
Во попладневните часови е можно појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, но според прогнозите, овие врнежи ќе бидат локални и краткотрајни, па нема да го расипат празничното расположение.
Температурите ќе се движат од пријатни 19 до дури 26 степени Целзиусови, што го прави денот идеален за активности на отворено.
Сепак, од недела, 4 мај, се најавува нова дестабилизација на времето со врнежи од дожд, грмотевици, а локално можно е и појава на град и лапавица. Затоа уживајте во празничниот ден додека времето го дозволува.