MKinformer

your daily dose of news

Јавното обвинителство упати покана за средба со семејствата на настраданите од пожарот во Кочани

28/04/2025 18:56

Како што е наведено во соопштението од Обвинителството, семејствата на настраданите треба да назначат најмногу по еден член од семејството кој би присуствувале на средбата.

„Во текот на утрешниот најавен протест на семејствата на жртвите во пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, Јавното обвинителство поканува на средба претставници на семејствата кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка. Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници (најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите) кои ќе остварат средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и обвинителите кои постапуваат во предметите.“, се наведува во информацијата од ОЈО.

error: Содржината е заштитена од копирање !!