MKinformer

your daily dose of news

Интерпелација за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

29/04/2025 9:32

Пратениците денеска треба да расправаат за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица.

Интерпелацијата за Тошковски е поднесена на 14 април бидејќи, како што посочија од Левица, министерот несоодветно ја извршувал функцијата.

Образложувајќи ги причините за интерпелацијата, пратеникот Сашко Јанчев од редовите на Левица, рече дека таа е базината на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагедијата во Кочани, што се случи на 16 март 2025г

„Од петте основи врзани со трагедијата во Кочани, првата е за немање никаква контрола врз дискотеката, што е изричито законска обврска на МВР. Потоа се нелегалната употреба на пиротехнички средства и неукажувањето помош од страна на полициските службеници“, рече Јанчев.

Претседателот на Собранието Африм Гаши, уште минатата недела најави дека на пленарна седница на 29 април, се очекува да биде ставена на дневен ред интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

error: Содржината е заштитена од копирање !!