На Вучиќ во Америка ненадејно му се слошило и веднаш се вратил во Србија
03/05/2025 8:59
На српскиот претседател Александар Вучиќ ненадејно му се слошило, за време на посетата на САД, по што побарал лекарска помош и откако бил прегледан, решил веднаш да се врати во Србија.
Според Танјуг, на претседателот Вучиќ му се слошило во раните попладневни часови по локално време.
Специјалниот претставник на американскиот претседател за специјални мисии, Ричард Гренел, му посака брзо закрепнување на претседателот Александар Вучиќ. Тој му испрати порака на претседателот Вучиќ на мрежата X во која напиша дека му е жал и дека се надева дека сè е во ред.
– „Сè најдобро. Жал ми е што не се сретнавме, но се надевам дека сè е во ред“ – напиша Гренел.






