MKinformer

your daily dose of news

Променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец

09/05/2025 8:32

Во петок на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови (од 20 до 30 l/m2), а во останатите (од 10 до 15 l/m2).

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.

Утринските температури се движат од 4 до 11, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 14 и 26 Целзиусови степени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!