MKinformer

your daily dose of news

ЕКС ГРАДНАЧАЛНИКОТ НА АЕРОДРОМ „ПРЕБЕГА“ ВО КАРПОШ

18/05/2025 11:28

Општина Карпош важи за една од најубавите и најпосакуваните општини за живеење во Скопје. Со својот модерен урбан развој, бројни зелени површини, квалитетна инфраструктура и богата понуда на образовни, културни и спортски содржини, Карпош е идеално место за семејства, млади и пензионери.

Близината до Водно и Лепенец нуди можности за рекреација и одмор, а истовремено инфраструктурата обезбедува брз и лесен пристап до центарот на градот. Жителите на Карпош уживаат во уредени паркови, безбедни улици и активно локално управување, што ја прави општината не само привлечна, туку и пример за урбана хуманост и живот со стил.

Последната анкета на социјалните мрежи го покажува токму тоа, па затоа граѓаните ја препознааваат Општина Карпош како место кое е идеално за живеење и реализирање на своите планови.

Не е случајно што во изминатите години токму Карпош е избор на многу значајни личности од јавниот живот – уметници, доктори, функционери, политичари, професори, спортисти и интелектуалци кои го препознаваат мирниот и достоинствен начин на живеење што го нуди ова урбано јадро.

Еден во низата на јавни личности кој од скоро стана жител на Општина Карпош е и поранешниот градоначалник на Општна Аеродром, Ивица Коневски. Тој од неодамна купил куќа во населбата Козле, во близина на Германската Амбасада.

Дали причината за неговата преселба во Карпош е токму оваа анкета или нешто друго не знаме, но како поранешен градоначалник на друга урбана општина во Скопје сигурно ги препознал квалитетите на условите за живеење во Карпош.

Да му посакаме топло добредојде!

error: Содржината е заштитена од копирање !!