ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ СОБРАНИ 120 КУБИКА КАБАСТ ОТПАД И ПРЕКУ 700 СТАРИ ГУМИ
19/05/2025 19:52
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски се пофали со акција за чистење на општината во која како што нагласи тој биле собрана значителна количина отпад кој потоа бил пренесен во скопската депонија Дрисла.
Во продолжение ви го пренесуваме неговиот статус од социјалната мрежа Фејсбук.
Повеќе од 120 м³ кабаст отпад и 700 стари гуми отстранети од Ѓорче! Акцијата за чистење во општина Ѓорче Петров е во полн ек. Во текот на изминатите денови:
Отстранети се над 130 кубни метри отпад 700+ стари гуми собрани од улици, паркови и јавни површини. Целиот отпад безбедно е транспортиран до депонијата Дрисла. Со ова се елиминираат сериозни извори на загадување и се поставуваат нови стандарди за чиста и здрава средина.
Резултатот е:
Уредна општина, почиста околина и поголема безбедност за сите нас.
Ова е само еден чекор од процесот што продолжува – улица по улица, кварт по кварт. Ви благодарам за поддршката, свеста и учеството. Заедно покажуваме дека чистото Ѓорче не е случајност, туку заедничка заложба.
Продолжуваме со иста енергија – уште поорганизирано, уште поодлучно!






