MKinformer

your daily dose of news

20 Мај меѓународен ден на пожарникарите

20/05/2025 11:54

Почетоците на организираното противпожарство на територијата на Република Македонија датираат уште од првата половина на XVIII век. По катастрофалниот пожар на Битолската чаршија, со Повелба од румелискиот валија, на 20 мај 1836 година, во Македонија се формираат платени служби за гаснење на пожари. Овој ден – 20 мај, по предлог на Противпожарниот сојуз на Македонија, денес се празнува како ден на пожарникарството во Македонија.
Во периодот од 1944 до 1948 година заштитата од пожари била во надлежност на народната војска. Во март 1951 година, во поранешна Југославија, донесен е Закон за доброволни противпожарни друштва и истата година, на иницијатива на Министерството за внатрешни работи, одржано е основачко собрание на Противпожарниот сојуз на Македонија.
Денес, во рамките на Противпожарниот сојуз на Македонија постојат 98 доброволни противпожарни друштва, организирани во 39 општински противпожарни сојузи, а според последниот попис на членството во нив активно членуваат 2.600 доброволци.
Противпожарниот сојуз на Македонија спроведува мерки и активности за спречување на настанување на пожари, гаснење на пожари и спасување на луѓе, имоти и вредности загрозени со пожари, елементарни непогоди и други несреќи.
Меѓународниот ден на пожарникарите се одбележува секоја година на 4 мај.Редакцијата на МКИНФОРМЕР им го честита денот на Македонските секојдневни хероји
error: Содржината е заштитена од копирање !!