MKinformer

your daily dose of news

Ангелов на средба со доброволни пожарникари

09/02/2026 17:04

Директорот на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска одржа работна средба со доброволни пожарникари, со цел засилување и унапредување на оперативната координација со ДЗС, во пресрет на сезоната на пожари на отворен простор.

На средбата беше истакната важноста од навремена подготовка и подобра комуникација меѓу институциите и Доброволни противпожарни друштва (ДПД), кои имаат значајна улога во справувањето со шумски и полски пожари, особено во руралните и тешко пристапни подрачја.

Покрај оперативните аспекти, разговорите опфатија и прашања од законска рамка, односно конкретизирање и дополнување на делови од законите за пожарникарство и за здруженија, со цел подобро уредување на статусот, ангажманот и поддршката на доброволните пожарникари. Овие измени, како што беше нагласено, треба да бидат усогласени со реалните потреби и практиките на терен.

Од ДЗС посочуваат дека ваквите средби ќе продолжат и во наредниот период, со цел јакнење на системот за заштита и спасување и поефикасна реакција при појава на пожари и други вонредни состојби.

error: Содржината е заштитена од копирање !!