MKinformer

your daily dose of news

(Видео) Градоначалничката на Скопје во лов на дивоградби во Чаир

21/05/2025 11:45

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска се вклучи во живо, на својот Фејсбук профил.
Имено денес во Општина Чаир, заедно со урбанистичките инспектори на градот, како што може да се види во видеото објавено на нејзиниот Фејсбук профил, беше на лице место, за да констатира, не обезбедена дивоградба, која се гради во близина на детски едукативен центар.
Исто така на видеото може да се види и дрското однесување на работниците, кои работат на објект без ниту еден документ.
По повикот на градоначалничката преку видеото, интервенираше и полицијата.
Истовремено Градоначалничката го повика и директорот на Центарот за Управување со Кризи, Стојанче Ангелов, иако тој е на работна посета на Јапонија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!