MKinformer

your daily dose of news

ПРЕДЛОГОТ ЗА НОВ ГУВЕРНЕР ДОСТАВЕН ДО СОБРАНИЕТО

22/05/2025 9:53

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.

При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

-Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, велат од кабнетот.

Славески, кој е актуелен претседавач на Советот на Град Скопје, е универзитетски професор на Економскиот факултет во Скопје и поранешен министер за финансии.

error: Содржината е заштитена од копирање !!