ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ НАЈАВУВА РЕСТАРТИРАЊЕ НА А2 ТЕЛЕВИЗИЈА
24/05/2025 10:19
„А2 Телевизија“ започнува ново поглавје со свеж пристап, иновативен дух и поголема интеракција со својата публика. Зад оваа иницијатива стои Велија Рамковски, основачот на поранешната „А1 Телевизија“.
Со современ визуелен изглед и акцент на домашно продуцирани содржини, А2 внесува нова енергија во медиумскиот и дигиталниот простор во Македонија.
„Под слоганот ‘А2 – заедно во ново светло’, не нудиме само нова естетика и современа содржина, туку и платформа за вистински дијалог, културен израз и релевантни информации. Вашите приказни, мислења и секојдневие добиваат појасен и повидлив одраз преку екранот на А2. Во оваа нова етапа, со нас е и визионерот Велија Рамковски – пионер на независното новинарство и автор на некои од највлијателните медиумски проекти во земјава“, се вели во официјалното соопштение.
Како што е објавено, телевизијата ќе биде достапна исклучиво преку нејзините официјални профили на Facebook и Instagram.






