MKinformer

your daily dose of news

ДРАМА ВО БОРИС ТРАЈКОВСКИ: Претседателот на АЕК, со водење политика во спортот, го крие стравот од поразот

25/05/2025 21:09

Се случува драма во салата Борис Трајковски, имено од неофицијални информации дознаваме дека во соблекувалната на АЕК, претседателот на клубот мешал политика во спортот, навредувајки ја државата, дека „СКОЈАНИТЕ НЕ ГИ ПУШТААТ ГРЧКИТЕ НАВИВАЧИ ДА ГО БОДРАТ КЛУБОТ“.
Во текот на денот, на патарина на автопатот Пријателство (Александар Македонски), македонската полиција, по претходно добиени информации дека кон Скопје се упатени навивачи на фудбалскиот клуб АЕК, да ги бодрат ракометарите и дека имаат намера да направат ИНЦИДЕНТИ на самиот натпревар, при што при проверка на два автобуси, истите се вратени назад кон Грција, по што вратените навивачи исконтактирале со навивачите кои веќе биле дојдени во Скопје, по што истите првично не им дозволувале на играчите на АЕК да го напуштат хотелот, барајки да ги пуштат навивачите кои не го почитувале договорот и кои сакале да прават инциденти.
Во моментов во салата никој не знае што се случува, доаѓаат различни информации, од тоа дека натпрварот е одложен, до тоа дека натпреварот нема да се одржи и дека е можно да се добие со службен резултат.
Дури и делегатите на ЕХФ, се зачудени од односот на Грчкиот тим и не излегувањето на терен.
Слични вакви инциденти АЕК има направено и со натпреварот со ПАРТИЗАН од Белград, но и со натпреварот со нашиот клуб од минатата недела.
Официјално во моментов спикерот на мечот објави дека натпреварувачите НЕ САКААТ ДА ИЗЛЕЗАТ НА ТЕРЕН и дека натпреварот нема да се одигра.
ЕХФ ТЕРА ПОЛИТИКА, СО ОГЛЕД ДЕКА НЕ ГО ПРОГЛАСУВА НАТПРЕВАРОТ ЗА СЛУЖБЕНА ПОБЕДА НА АЛКАЛОИД.

error: Содржината е заштитена од копирање !!