ФИДАНИ ЈА ПОБЕДИ АДЕМИ, Фидани поставен за шеф на Врховниот суд
26/05/2025 11:59
Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија.
Фидани беше избран за претседател со 8 гласа за и пет против. Кандидат беше и претходната претседателка на Врховен суд, Беса Адеми, кој доби само два гласа.
Фидани е судија на Врховен суд од 2017 година.
Согласно кратката биографија објавена на веб-страната на судот, по завршување на средно училиште и отслужување на воениот рок, во 1985 година Фидани се запишува на Правниот факултет на Приштинскиот универзитет.
Во 1989 година дипломира на Правниот факултет. Работно искуство: Од 1990 до 1996 година работи во просвета на работни задачи – правно административни. Од 1996 до 2005 година работи во Државниот инспекторат за труд на Република Македонија, како републички инспектор за труд област на работни односи. Од 2005 до 2007 година е секретар на Општина Врапчиште – Врапчиште. Од 2007 до 2011 година е адвокат со седиште во Гостивар. Од 18.07.2011 година е избран за судија во Апелациониот суд Скопје – кривичен оддел.






