MKinformer

your daily dose of news

Уставните судии, НИТУ САМИТЕ НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ

19/05/2025 13:25

Управниот суд не го поништи изборот на Дуковска, туку начинот на кој била избрана.

По две години од тужбата на Антоанета Димовска, сега членка на Судскиот совет, Управниот суд донесе одлука дека изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка во 2023 година бил спроведен на незаконски начин. Не се поништува нејзиниот избор од страна на Собранието, туку начинот на кој Судскиот совет ја предложил.

Судот утврди дека Советот веднаш ја предложил Дуковска откако добила потребни 8 гласа, без да ги разгледа другите кандидати, нивните биографии или квалификации. Ова, според судот, претставува нееднаква шанса за кандидатите. Со тоа, и Судскиот совет и Собранието (кое ја избра со 64 гласа) постапиле спротивно на Уставот.

Со одлуката на Управниот суд, Уставниот суд останува со 8 судии. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, веќе го информирал Уставниот суд за пресудата. Дуковска, која има 64 години, треба да се врати во Апелациониот суд во Скопје, а Судскиот совет ќе треба да распише нов оглас за избор.

Дуковска беше известител за Законот за јазиците, па сега тој предмет ќе треба да се додели на друг судија, што ќе ја забави постапката. Одлуката на Судот за собирањето потписи за независни кандидати исто така може да се одложи, бидејќи последниот пат гласањето било нерешено – 4:4. Поради отсуството на Осман Кадриу и сега на Дуковска, Судот има само 8 судии и не е јасно како тоа ќе влијае на гласањата.

Министерот за правда Игор Филков изјави дека Судскиот совет треба да ја спроведе пресудата на Управниот суд, но Министерството нема надлежност врз судските одлуки. Тој не коментираше што ќе се случи со предметите каде што Дуковска била известител и додаде дека Собранието нема законски рок за избор на нов судија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!