Три пиштоли и над 600 куршуми пронајдени во дома на скопјанец
27/05/2025 13:37Денеска во 09 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Е.Х.(53) од село Батинци затоа што при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, се пронајдени и одземени три пиштоли и 643 куршуми.
По целосно документирање на случајот, против Е.Х. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, соопштија од МВР.






