MKinformer

your daily dose of news

Нова пратка македонски пиперки со сомнителен квалитет запрена во Хрватска, означена со „сериозен ризик“

03/10/2026 12:12

Нова пратка македонски пиперки била запрена при обид да биде извезена во Хрватска, објави Телма ТВ.

Станува збор за ново известување до Европскиот систем за брзо предупредување за храна.

За само десет дена од Хрватска биле испратени уште две известувања за спорни пратки со лути пиперки од Македонија.

Пратката означена со „сериозен ризик“

Според објавените информации, една од пратките во системот на Европската комисија била означена со „сериозен ризик“.

Случајот повторно го отвора прашањето за контролата на земјоделските производи што се извезуваат од Македонија.

Претходно спорни биле и 50 тони овошје и зеленчук

Хрватска и претходно реагираше преку европскиот систем за производи испратени од Македонија.

Тогаш станувало збор за околу 50 тони овошје и зеленчук.

Меѓу спорните производи имало пиперки, но и пратки со сливи.

Нова пратка македонски пиперки сега повторно е предмет на предупредување од Хрватска.

error: Содржината е заштитена од копирање !!