MKinformer

your daily dose of news

Кои се навивачите на АЕК? Mразат сѐ што е македонско – но некој од нив нема да го паметат по добро доаѓањето во Скопје!

28/05/2025 9:39

Навивачите на АЕК Атина не им дозволија на своите ракометари да излезат на теренот во Скопје и да го одиграат финалето на Европскиот куп против Аллкалоид. Ви ги претставуваме навивачите од Атина.

Оригинал 21“ (грчки: Ορίτζιναλ 21) е името на здружението кое се состои од многу групи поддржувачи на грчкиот  клуб АЕК . Официјално основан во 1982 година, Original 21 е најголемиот синдикат на поддржувачи на АЕК.

Original 21 има членови од цела Грција и со текот на годините стана дел од клубот со тоа што влијае на клупските одлуки и следејќи го клубот во сите можни прилики

Едно од нив беше првото организирано здружение на навивачите на АЕК со името Гејт 21, основано во 1975 година. Името дојде од соодветниот влез на стадионот Никос Гоумас каде се собираа најстраствените поддржувачи на тимот.

Оригинал 21 беше првата навивачка организација која во 1982 година ги подигна черепот и вкрстените коски како свое знаме, симбол кој и денес може да се види на речиси сите стадиони во Грција. Ја симболизираше „борбената смрт“ на нивните противници и „пиратскиот“ карактер на неговите членови.

Овие навивачи мразат сѐ што е македонско, но некој од нив Скопје ќе го паметат не така по добро. Снимки овие денови кружеа по социјалните мрежи каде некој навивачи на АЕК кои дојдоа во Скопје ги загубија своите маици со клупските обележја во ,,акција” на навивачката група Комити низ главниот град на Македонија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!