Во првото тримесечје од 2025 година е забележан пад кај неколку демографски показатели, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на склучени бракови изнесува 1 846, што е намалување за 25.8 % во споредба со истиот период лани. Истовремено, се регистрирани 465 разводи, што е за 22.1 % помалку во однос на првото тримесечје од 2024 година.
Бројот на живородени деца е 3 526, што претставува пад од 2.9 %. Од друга страна, бројот на починати е зголемен за 3.8 %, достигнувајќи 5 398 лица, од кои 15 се доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -1 872, што значи дека бројот на починати е значително поголем од бројот на новородени.