MKinformer

your daily dose of news

МОН не отстапува од едносменско работење на училиштата

05/06/2025 13:08

Министерството за образование и наука најави нова стратегија за подобрување на основното образование, која предвидува целосен премин кон едносменско работење и воведување на целодневна настава за учениците од прво до петто одделение.

Според најавите, целта е да се создаде поквалитетна и подинамична средина за учење, со повеќе време за активности, вежби и индивидуален пристап кон секој ученик.

Дел од училиштата веќе започнаа со работа само во прва смена, како прв чекор кон оваа промена. Министерството исто така најави проширување на постојните капацитети преку изградба на нови училници и адаптација на училишните објекти, со цел да се овозможат услови за непречена имплементација на целодневната настава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!