MKinformer

your daily dose of news

ДЗС: Младите ги едуцираа повозрасните за заштита на шумите во училница на отворено

05/06/2025 12:51

Денеска Плоштадот Македонија во Скопје беше претворен во училница на отворено, каде младите ги подучуваа постарите генерации за значењето на заштитата од пожари во шумите и на другите отворени површини во нашата земја. Ученици од скопските општини делеа информативни флаери и им ги објаснуваа на граѓаните начините и важноста на заштитата од пожари.

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) традиционално ја поддржува Кампањата на Противпожарниот сојуз на Град Скопје пред почетокот на летната сезона. Целта на оваа кампања е да се подигне свеста за превенција од пожари во шумите и на туристичките и излетничките места низ скопскиот регион.

Претседателот на Противпожарниот сојуз на Град Скопје, Петар Плотников, истакна дека кампањата има едукативно и превентивно значење и придонесува за развој на општата и противпожарната култура кај младите и постарите граѓани. Тој нагласи дека соработката и координацијата со ДЗС има клучна улога во заштитата на населението, шумите и другите материјални добра во Скопје и пошироко низ државата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!