MKinformer

your daily dose of news

Општина Аеродром изрече казна на Ј.П. Комунална Хигиена од 88000 евра

09/06/2025 17:00

Општина Аеродром го казни Ј.П. „Комунална хигиена“ со 88.000 евра поради постојани пропусти во собирањето отпад и одржувањето на јавната хигиена на територијата на општината.

Вршителот на должноста градоначалник, Дејан Митески, истакна дека оваа казна не е политички мотивирана, туку произлегува од реално утврдени слабости во работата на претпријатието.

Нема да дозволиме неспособноста и неодговорноста на поединци да влијае врз квалитетот на живот во Аеродром“ – рече Митески.

Тој ги повика надлежните институции да преземат конкретни мерки и конечно да почнат да дејствуваат во интерес на граѓаните.

– „Ќе продолжиме со строга контрола и ќе има последици за секој што не ги исполнува своите обврски. Аеродром заслужува чиста и уредна средина“ – додаде Митески.

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!