MKinformer

your daily dose of news

Обвинителството бара доживотен затвор за сторителите на убиствата на Вања и Панче

11/06/2025 12:01

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска имаше завршни зборови за убиствата на Вања и Панче, и побара доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев.

„Ниту една казна нема да биде доволно за семејствата на жртвите“, рече обвинителката Димитровска во завршните зборови.

Таа објасни зошто обвинителството бара ваква казна.

„Истите лица ја слушаат внимателно како Вања се бори за својот живот и објаснува каде може да ги бараат парите, обвинетите со еден куршум ја остваруваат својата цел. Иако двете убиства се квалификувани од потежок облик, и казната се движи минимум од 10 години до доживотен затвор, и таа разлика од минималната до максималната казна е голема. Затоа Судот треба внимателно да ги земе во предвид и начинот на спроведување на делата, и нивната непоколебливост во намерата. Тука не постојат олеснителни околности. Сите обвинети се дел од семејна заедница, сите се нашле во улога на воспитувачи, а тие посегнуваат по она што му е најсреќно на секој родител, на секо човечко битие.

Од овие причини Обвинителството бара сите четворица да бидат прогласени за виновни и да им се одреди казна доживотен затвор“, рече Димитровска.

error: Содржината е заштитена од копирање !!