MKinformer

your daily dose of news

Нетанјаху за нападите врз Иран: Операцијата ќе трае колку што треба

13/06/2025 8:50

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека нападите што почнаа утринава имаат за цел „да ја оштетат нуклеарната инфраструктура на Иран, фабриките за балистички ракети и голем број воени капацитети“.

Во однапред снимена изјава објавена на ЈуТјуб, тој рече: „Оваа операција ќе трае колку што е потребно за да се одбие заканата од уништување што се надвиснува над нас“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!