Трамп размислува за приклучување на САД кон израелскиот напад врз Иран, советниците поделени
18/06/2025 12:53
Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста САД да се приклучат на Израел во нападите врз иранските нуклеарни објекти, вклучувајќи го и комплексот во Фордо, пренесуваат американски медиуми повикувајќи се на повеќе извори запознаени со ситуацијата.
Трамп неодамна одржа состанок во Белата куќа со тимот за национална безбедност, посветен на конфликтот меѓу Израел и Иран, кој траеше речиси 90 минути.
Најблиските советници на Трамп се поделени околу оваа можност, која според експертите би ја „промениле целосно“ динамиката на конфликтот.






