MKinformer

your daily dose of news

Земјотрес во Охрид

21/06/2025 14:13

Земјотрес со магнитуда од 2,4 степени според Рихтеровата скала, е почувствуван утрово во Охрид и околината, епицентарот бил во охритското езеро, на длабочина од 10км

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека, според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Во Охридскиот регион минатата недела беа регистрирани серија земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

error: Содржината е заштитена од копирање !!